Пејачката Драгана Мирковиќ за неколку месеци ќе стане баба. Првото внуче на најголемата музичка ѕвезда ќе биде девојче. Сопругата на нејзиниот син Марко Бијелиќ, Мелани, е бремена пет месеци, а нејзините пријатели открија на социјалните мрежи дека бебето е девојче.

Семејството е пресреќно поради проширувањето и сите со нетрпение го очекуваат бебето.
– Денес сум најсреќната жена на светот бидејќи официјално можам да потврдам дека ќе станам баба. Мелани, избраничката на мојот син Марко, ни донесе на сите неопислива радост кога објави дека е во благословена состојба. Ви благодарам на сите за љубезните желби и честитки, и би сакала да ја искористам оваа можност да кажам дека ова е сè што ќе кажам за ова прашање. Бидејќи ниту еден од нив не се занимава со јавна работа, а бидејќи таа сега е во чувствителен период, пишувањето и зборувањето за тоа ќе биде стресно за Мелани, и затоа ги молам сите за разбирање и да не се впуштаат во понатамошно откривање информации и шпекулации за нивниот живот – рече Драгана.
Фото: printscreen/instagram







