Пејачката Драгана Мирковиќ изјави дека е многу среќна што нејзиниот син Марко Бијелиќ и снаата Мелани живеат во семејниот замок во Виена.
Драгана Мирковиќ наскоро ќе стане баба, бидејќи нејзината снаа Мелани е бремена и носи девојче.

Откако дозна за добрата вест, Мирковиќ се смее и со нетрпение ја очекува својата прва внука.
– Иако ризикувам моите деца да ме убијат затоа што ги споменувам, ќе кажам само дека Марко и Мелани се венчаа и дека сè тоа го направивме во јуни, во најстрога тајност. Пресреќна сум за сè и едвај чекам да ја имам мојата внука, која ќе биде мојата најголема инспирација за сè што ме очекува во иднина – рече пејачката и додаде дека е горда на своите деца:

– Марко и Мануела се деца какви што би можеле да посакате! Горда сум што сум нивна мајка и ми е мило што сè уште живеат со мене. Ниту мојот син ниту снаата не го напуштиле замокот. Уживаме заедно, а кога сакаат, секој има свој кат и целосна приватност и слобода.
Foto: Instagram/markobjlc







