Фолк пејачката Анета Љумаковска деновиве празнично пееше во еден ресторан во Велестово, село во охридскиот крај.
А таму, преполно до последно место, атмосфера до планон зашто пееше битолскиот славеј, што дополнително беше причина за да се биде таму.

А меѓу многуте гости, камерата која снимаше веднаш до пејачката, забележа и еден познат гостин. Таму не беше дојден за да пишува казни и да бара мито, туку да се забавува, наздравува, да се весели со драги луѓе…
Можеби веќе погодувате… станува збор за актерот Горан Стојановски или попознат како Виш инспектор Томе од хит серијата „Преспав“.

-Со инспекторот Томе хахаа ,напиша Анета која сподели дека инспекторот не беше дојден за надзор, туку за забава на која очигледно уживаше за сите пари.
Ането му ја пееше „Чик погоди“ од Брена, а тој кога ја виде камерата дека го снима баш него, реагираше вака:







