Радио Милева сеќавања - засекогаш...

ДНК „го вратија во живот“ на естрадата, а Врчак по трагедијата во Кочани сега собра сили да се огласи: „Последната песна ја снимавме неколку дена пред Андреј да загине“ (ФОТО)

ДНК „го вратија во живот“ на естрадата, а Врчак по трагедијата во Кочани сега собра сили да се огласи: „Последната песна ја снимавме неколку дена пред Андреј да загине“ (ФОТО)

„Последната песна со Андреj. Јас до вечерва не можев да слушам музика“, пишува Раде Врчаковски – Врчак кој беше еден од најблиските пријатели  на  ДНК, кои по долгогодишната музичка пауза во ноември 2023 година, всушност и „го вратија во живот“ на естрадната сцена со заедничката песна „Посреќна“.

Соработуваа со години, а покрај професионалниот однос, имаа и искрено пријателство. За жал, иронијата на судбината да биде сосема поинаква, па да заврши како трагична и фатална за  61-62 животи вклучувајќи ги осумте од бендот на ДНК… И за самиот Андреј.

Раде Врчаковски дури сега собра сили за прв пат да се огласи на социјалните мрежи по трагедијата во Кочани.

„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва не можев да слушам музика, не можев ни на Фејсбук да гледам ништо… Уште не можам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот, цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“ – пишува Врчак на Фејсбук.

За жал, песната која можеби и никогаш нема да се појави заради трагедијата, а можеби и ќе биде издадена за да не потсетува на Андреј од ДНК, на едни поубави и посреќни времиња ама и на една несреќна ноќ во која загубивме осум врвни естрадни уметници, пред се прекрасни луѓе, 61-62  млади животи,  една цела генерација. Сеќавања –  засекогаш…!

Фото: Фејсбук/Раде Врчаковски

 

To top