Пејачката Лепа Брена порасна во Босна и Херцеговина, во градот Брчко, во скромна зграда на стан број еден. Денес, за жал, тој стан не е повеќе во нејзина сопственост, бидејќи по смртта на нејзиниот татко и мајка, во него повеќе никој не живееше.
Соседите на Лепа Брена своевремено открија за емисијата „Метар мога села“, која се емитува на Блиц телевизија, кој е денес во тој стан, но и како се сеќаваат на Брена и нејзиното семејство од периододот додека беше дете и полека чекореше кон успехот што го постигна.
„Не знаев кога го купив станот, искрено, после дознав, но интересно е, на сите кога им објаснувам каде живеам, сите знаат по тоа“, изјави господинот кој откри и кога и кому му е продаден станот на Брена.

„Тоа го купи некој од странство, не знам точно кој е и мислам дека не престојува тука во текот на зимата. Немав прилика да ја видам Брена, јас тука пред три ипол години зедов стан, така што тоа веќе беше… Мајката веќе беше почината, така што никој не ни беше во тој стан. А тој човек чиј е сега станот го купи, јас мислам, пред можеби една година, така што никого од нив искрено немам видено“, вели сограѓанинот на Брена, а на прашањето дали има некоја порака за Брена, со насмевка одговара:
„Нека наврати, да ја обиколи зградата.“

Да потсетиме, пејачката со семејството денес живее во белградска вила вредна 2,5 милиони евра. Поседува два базени, турско купатило и што ли уште не.
фото:Instagram printscreen/lepabrenaa/Blic TV







