Радио Милева толку е!

Давид Темелков и Марија Спасовска ја расипаа калимерата: Наместо дует, стана погрешен музички излет

Давид Темелков и Марија Спасовска ја расипаа калимерата: Наместо дует, стана погрешен музички излет

Музичката приказна на младата поп-пејачка Марија Спасовска и пејачот Давид Темелков заврши пред да почне.

Иако на повидок беше заедничка соработка и дует за песната со наслов „Скопје го сакам ради тебе“, Давид и Марија ја распаа калимерата, а за истото  македонскиот пејач со хрватска адреса појасни преку својот Фејсбук профил.

Давид сподели дека со Марија се на различна ферквенција кога е професионалниот однос во прашање, а бидејќи не постоеле клучни принципи до финалната реализација на започнатото, решиле да стават крај посакувајќи и понатамошен успех.

-Драги наши,
во изминатиот период работевме на песната „Скопје го сакам ради тебе“, во дует со Марија Спасовска — проект кој искрено нè инспирираше. По внимателно разгледување, донесовме одлука да не ја продолжиме оваа соработка, поради разлики во клучните принципи на кои треба да се темели еден заеднички професионален однос. Предложениот модел не беше во согласност со начинот на кој го градиме нашиот пат и ги штитиме стандардите што ги развиваме со години. Имаме почит кон другата страна и им посакуваме многу успех понатаму. Ние продолжуваме напред — со нова енергија, нови идеи и проекти кои наскоро ќе ги споделиме со вас. Ви благодариме што сте со нас, стои во сопштението на Давид.

За разлика од својот несуден дуетски колега, Марија не се огласи по истото, па другата страна на приказната остана недокажана, барем засега…

Младата музичка ѕвезда во подем остана на тоа дека има доста од тоа да го актуелизира и промовира својот неодамна изаден прв  албум  „Седатив“ чија промоција се сличи на 16-ти април.

А „Скопје го сакам ради тебе“ остана само како еден погрешен музички излет.

фото: Instagram printscreen/ marija.spasovska/davidtemelkov_official

To top