Пејачот Дарко Лазиќ го привлече вниманието на јавноста со видео на кое се гледа како закачува санки за својот автомобил и ги влече своите деца додека вози.
Лазиќ, кој многу ги цени божиќните празници, за разлика од многу негови колеги, ги поминува во семејна средина, со сопругата и децата.

Познат по своето брзо и честопати неодговорно возење, денес ги собра најмалите и ги закачи нивните санки за својот автомобил, влечејќи ги недалеку од неговиот роден град Брестач.
Видеото го прикажува пејачот како влече две санки со четири деца, кои, судејќи според реакциите, повеќе од уживаа во оваа необична авантура.
Лазиќ ја избра песната на Дин Мартин „Let It Snow“ како музика во позадина за објавата, а видеото брзо привлече огромно внимание и предизвика лавина од спротивставени коментари на социјалните мрежи.
Foto: printscreen/instagram/darkolazicofficial







