Радио Милева и се испушти

Дара Бубамара чека бебе со 20 години помладиот партнер?!

Дара Бубамара чека бебе со 20 години помладиот партнер?!

Пејачката Дара Бубамара веќе некое време ужива во љубовта со партнерот кој е од неа помлад 20 години, а сега со една изјава покрена лавина од коментари и шпекулации за можна бременост.

Дара гостуваше кај водителот Божо Добриша, каде што разговорот во еден момент се поведе за нејзиниот емотивен живот и за можно венчавање. Водителот најпрво ја праша пејачката дали таа и нејзиниот партнер разговараат за свадба.

Дали сте зборувале за свадба? – праша Божо.

– Па не знам – кратко одговори Дара.

На тоа водителот низ насмевка додаде:

Даро, можеби и ти ќе се омажиш ова лето, никогаш не се знае.

Во продолжение на разговорот Дара изговори реченица која на многумина им го привлече вниманието.

– Ми доцни ПМС – рече пејачката.Водителот веднаш реагираше и праша:

Даро, да не си бремена, црна Даро? На ова прашање Дара само се насмеа и се обиде да ја промени темата.

– Ау, Боже, што зборувам јас – порача низ насмевка, не сакајќи понатаму да коментира.

Нејзината реакција беше доволна да поттикне бројни шпекулации на социјалните мрежи, иако пејачката нема потврдено дека е во благосостојба. Да потсетиме, Дара Бубамара неодамна направи пауза од бројните настапи и отпатува на луксузниот италијански остров Сардинија, каде што уживаше со својот партнер.

Пејачката често истакнува дека е среќна и исполнета во љубовта, но деталите од врската главно ги чува подалеку од очите на јавноста.

фото: Instagram printscreen/ darabubamara_official

To top