Радио Милева на стадионот „Билјанини извори“

Данил Кајмакоски специјален гостин на концертот на Лепа Брена во Охрид: „Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми“

Данил Кајмакоски специјален гостин на концертот на Лепа Брена во Охрид: „Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми“

Лепа Брена, симбол на една музичка ера, жена која со својата харизма и моќен глас ја обележа историјата на регионалната и  балканската естрадна сцена, ова лето пристигнува во Охрид со голем концерт. Тој ќе се одржи вечерва, на 1 август ( петок) на стадионот „Билјанини извори” како дел од нејзината турнеја „Имам песму да вам певам”, која веќе беше проследена со распродадени арени во Белград, Загреб, Љубљана и други градови низ регионот.

Брена во Охрид ќе ги отпее најголемите хитови од нејзината кариера, песни што не се само ноти, туку емоции. Химни на неколку генерации, кои и ден-денес се пеат со иста страст и љубов, а публиката ќе има можност да ги доживее во живо, на начин што само Брена знае да го приреди.

Но, Брена н својот концерт ќе има и специјален гостин. И то не било кој, туку Македонец кој последниве години живее и работи во Белград, момчето со Х – фактор кое родум е од овие краишта,  Даниел Кајмакоски, кој во моментов престојува со своето семејство во родното Мислешево – Струга.

Колку, што и дали во дует со Брена ќе запее, Кајмакоски не објавил, но затоа споделил пост со неколку фотографии од пробата на својот Фејсбук пофил во кој ја објавил веста дека ќе и биде специјален гостин на концертот во Охрид на Лепа Брена.

„Толку многу песни и музика во изминативе години, а за многу генерации се’ уште најпривлечно и најинтересно звучат хитовите на Брена. Чест ми е што таа лично ме покани да бидам гостин на нејзиниот концерт во Охрид!

Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми. Посебен е овој момент, повторно да ја делам сцената со Брена, права дама, единствена и по музиката и по убавината. Не е битно каква музика слушаш и колку години имаш, Брена ја знаеш и сакаш да ја слушаш. Се гледаме вечерва во Охрид, на Билјанини извори од 20:30 на концерт на Лепа Брена“ – споделил Кајмакоски кому очигледно му импонира гостувањето на настапот на најголемата балканска естрадна дива.

Фото: Инстаграм и Фејсбук/Daniel Kajmakoski

 

To top