Државната лотарија на Македонија однеодамна доби уште еден атрактивен лик. Ако Марјана Станојковска важи за најпознатата наша лото девојка, од пред некое време конкуренцијата видно се зажести со влегувањето во игра на Кристина Димитри.

Атрактивната тетовка сега е новото бренд лице во игрите на среќа, позната убавица која покрај манекенската и пејачка кариера, сега отиде во сосема друга сфера. Разбирливо овде тлото е многу посигурно, а и заработката веројатно подобра и постабилна, па зошто да не се проба? Среќата е насекаде, нели?

Понекогаш на еден клик, па затоа добро е да бидеш близу до неа, да бидеш Ин, зошто кој знае кога и тебе таа ќе ти се насмее… Со еден животен Мegawin?!

Марјана е се уште онаа која е на ова поле неприкосновена! Или барем така изгледа! Таа е се’ уште е „кралицата на среќата“ која го држи тронот. И понатаму е „прва дама“ на Лото 7, најпрепознатлива и единствена ТВ водителка на игрите на среќа ( освен со ретки исклучоци, кога Татјана Стојановска или Милена Антовска и се еднократна замена, на пример), се уште е „главната премија“ за ТВ гледачите и играчите на игрите на среќа.

Водителка е и на нејзиното ТВ шоу „Седмо небо“, а кога сме веќе кај водителството, фестивалите, особено оние забавните, разни манифестации, маркетиншки ивенти… „ги држи под свое“.

Долги години прилепскиот „Пиво фест“, па „Охрид фест“, „Макфест“… кој се’ не фест?

Инфлуенсерството и е тезга плус, танцувањето хоби од малечка (некогаш членка на „Ребис“, денес инструктор по „Зумба“), а и пеењето во последнно време и станува се’ попривлечна пасија.

Навидум мултитаскинг убавица, која е толку длабоко навлезена во занаетот, па тешко дека некоја друга може да и ја преземе круната, да и го „украде“ приматот и симне од тронот!? Арно ама, дали е баш така?

Кристина Димитри очигледно не сонува за успехот, туку конкретно работи на него… Засега е само во движење по градовите низ Македонија каде презентира и промовира одредени игри на среќа на Државна лотарија.

Манекенството и мис авантурите се славно минато, на инфлуенсерството државата му спрема данок, а од пејачката кариера очекувањата некако, како да не се до крај реализирани иако вратата не е до крај затворена.

Но, затоа тука е водителството, кое полека станува нова шанса за „чекор од седум милји“… Или чекор до „Лото 7“?

До душа првиот чекор е веќе направен. Многумина ја очекуваа Марјана Станојоковска за новогодишната прослава на плоштадот во престолнината, но…

Кристина Димитри заедно со Миро Кацаров беа водители на Дочекот на новата година на плоштадот Македонија во Скопје, кој меѓудругото финансиски го овозможи и Државна лотарија!

А и за „Макфест“ по естрадните кулоари наголемо се зборува дека „притисокот е огромен“ атрактивната тетовка да биде новата водителка?! Во пар со „штипскиот скопјанец“, секако!

И кога се ќе се собере и одземе, индикативно или не, сепак многумина се прашуваат дали тоа „не мириса“ дека атрактивната тетовка атакува на приматот на актуелната лото девојка? Дали Кристина Димитри не го живее сонот да ја симне Марјана Станојковска од тронот?

Засега актуелната „лото кралица“ се’ уште не абдицирала!

Дали оваа другата е сериозен кандидат за престолот, тешко е со сигурност да се каже…?! Иако среќата е насекаде, до секого од нас на еден клик, па за да ти се насмее, доволен е само еден миг!
Фото: Инстаграм/marjanamay/kristina.dimitry






