Радио Милева Убава и женствена

„Бомба“: Северина импресионираше со интересен костим за капење

„Бомба“: Северина импресионираше со интересен костим за капење

Северина не престанува да воодушевува со своите феноменални модни комбинации, од вечерни до деловни, па сè до најлежерни можни – оние за на плажа. Неодамна таа сподели фотографии од одморот во Италија на својот Инстаграм.

Северина во својата објава покажа неколку костими за капење, вклучувајќи ретро бикини во црно-бели комбинации, но едно многу модерно издание  го привлече вниманието  на сите.

Ова е виолетов едноделен костим за капење од Норма Камали кој комбинира класичен и провокативен дизајн. Кроен е за да одговара на телото, а неговата уникатност е дадена од делови во боја на кожа кои личат на процепи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Не мислам дека претерувам кога велам дека Севе никогаш не изгледала подобро“, „Рибетина на квадрат“, „Колку си убава и женствена“, „Прекрасна“, „ Принцеза на патувањата“, „Бомба“, „Изгледаш совршено“, „Врвно“, беа комплиментите под објавата кои ги доби од нејзините обожаватели.

Foto: print Screen/Instagram

To top