Поради пожарите кои сè уште го пустошат Лос Анџелес, многу жители мораа да ги напуштат своите домови, вклучително и холивудските ѕвезди, од кои многумина исто така ги загубија своите домови.
Актерот Бен Афлек мораше да ја евакуира својата вила вредна 20 милиони долари, која остана недопрена од пожарот, а папараците викендов го фотографираа надвор од неговиот дом со најстарата ќерка Виолет (19).
52-годишниот актер бил обземен од емоции и бил снимен со загрижен израз на лицето како во еден момент ја гушка својата ќерка која носела заштитна маска, по што заедно го напуштиле Брентвуд каде се наоѓа неговата палата.
View this post on Instagram
Инаку, Бен Афлек неодамна се пресели во овој дел на Лос Анџелес, откако официјално беше објавен неговиот развод со Џенифер Лопез, пишува Showbuzz.
Да потсетиме, бројот на загинати во пожарите кои беснеат низ Лос Анџелес се искачи на 24, а 100.000 луѓе во моментов се евакуирани од своите домови.
фото: printscreen/instgaram