Радио Милева Неочекувано појавување

Банкарот во страв: „Кралицата на бакшишот“ дојде во „Се или нешто“

Банкарот во страв: „Кралицата на бакшишот“ дојде во  „Се или нешто“

Популарната пејачка Марија Луиса или попозната како „кралицата на бакшишот“, приреди вистинско изненадување за телевизиската публика, појавувајќи се во најновото издание на најгледаното гејм-шоу „Сè или нешто“.

Овој пат, таа не беше со микрофон в рака, туку седна во делот за поддршка за да ѝ даде ветер во грб на својата блиска пријателка Анета, која ја имаше главната улога пред кутиите.

Во текот на целата емисија, Луиса се покажа во едно сосема поинакво, опуштено и крајно расположено телевизиско светло. Пејачката од поддршка постојано ја мотивираше натпреварувачката да оди понатаму и гласно ја храбреше да не му се плаши на банкарот и неговите тактички понуди.

Секако, Лила Филиповска искусно и вешто веднаш го искористи нејзиното присуство за да ја потпраша за почетоците на нејзината музичка кариера, но и за тоа како се родило ова силно пријателство.

Пејачката искрено раскажа дека со Анета се запознале преку професионална соработка, односно откако таа почнала да ѝ ги изработува впечатливите облеки за нејзините настапи, по што нивниот однос прераснал во вистинска блискост.

Иако атмосферата во студиото беше исклучително динамична, напната и полна со позитивна енергија за сите присутни, среќата на крајот сепак не беше целосно на страната на натпреварувачката Аната.

По серијата храбри одлуки и одбивање на понудите, Анета ја отвори својата кутија со број 7 и си замина дома со сумата од 35 илјади денари.

Без оглед на исходот од играта, Марија Луиса и нејзината пријателка оставија одличен впечаток и донесоа многу насмевки кај гледачите покрај малите екрани.

Веројатно енергијата од тоа дека парите лесно „се лепат“ за познатата битолчанка, овој пат не беше случај од оваа позиција како помош за пријателката, а во корист повторно си беше банкарот!

фото:Printscreen/ TV Sitel

To top