Радио Милева Кралица и крал на празниците

Од една песна заработила над 100 милиони долари – Мараја Кери е апсолутен рекордер во месец декември, а еве колку заработува нејзиниот најголем машки ривал

Од една песна заработила над 100 милиони долари – Мараја Кери е апсолутен рекордер во месец декември, а еве колку заработува нејзиниот најголем машки ривал

Секој ноември, штом ќе паднат првите температури, музичката индустрија ги добива своите два главни сезонски владетели – Мараја Кери и Мајкл Бубле. Од божиќните и новогодишните хитови тие годишно заработуваат милионски суми, без притоа да мораат да снимат ниту една нова песна.

Додека светот со нетрпение го очекува познатото видео во кое Мараја Кери ја „одмрзнува“ празничната сезона, нејзината банкарска сметка повторно почнува забрзано да расте благодарение на мегахитот „All I Want for Christmas Is You“ од 1994 година.

Според проценките на музичките магазини и економските аналитичари, меѓу кои се „The Economist“ и „Forbes“, Мараја Кери само од авторските права за оваа песна секој декември заработува меѓу 2,5 и 3 милиони долари.

Од објавувањето пред повеќе од три децении, оваа песна ѝ донела над 100 милиони долари, со што стана најпрофитабилната празнична песна во историјата на поп-музиката.

А каде е во оваа приказна „Кралот на Божиќ“ – Мајкл Бубле?

Иако Мараја го држи апсолутниот рекорд со еден сингл, канадскиот пејач Мајкл Бубле изградил вистинска празнична империја благодарение на својот култен албум „Christmas“ од 2011 година.

На него се наоѓаат преработки на класици како „It’s Beginning to Look a Lot Like Christmas“, „Santa Claus Is Coming to Town“ и „Holly Jolly Christmas“.

За разлика од Кери, Бубле не е автор на повеќето од овие песни, па затоа не ги добива сите авторски надоместоци. Сепак, од продажбата на албумот, стриминг-платформите како Spotify и Apple Music, како и од правата за емитување во трговски центри, филмови и реклами, секоја празнична сезона заработува меѓу 1,5 и 2 милиони долари.

Неговиот празничен албум е продаден во повеќе од 16 милиони примероци ширум светот и секоја година во ноември автоматски се враќа на самиот врв на листата на најслушани изданија на „Билборд“.

Музичките експерти овој феномен го нарекуваат „празнична пензија“ – додека повеќето изведувачи мора постојано да одат на турнеи и да објавуваат нови синглови, на Мараја Кери и Мајкл Бубле им е доволно календарот да го покаже ноември за на нивните сметки повторно да се слеат милиони.

To top