Салма Хајек стекна слава и популарност во 1990-тите години со филмовите „Десперадо“, „Догма“ и „Од самрак до зори“, а денес изгледа како времето буквално да застанало. Но, како е можно да изгледа толку младолико?
Кога станува збор за исхраната, Салма Хајек вели дека не сака да се ограничува. Денот го започнува со појадок во кој комбинира овошје, зеленчук и јогурт.
Нејзиното смути најчесто содржи папаја, боровинки, манго, јагоди, семки од калинка, целер, црвена пиперка, краставица, како и путер од бадеми и кокос.
View this post on Instagram
Признава дека комбинацијата можеби не звучи особено привлечно, но тврди дека е многу вкусна.
На нејзиното мени може да се најдат и намирници кои за многумина не се вообичаени. Во интервју за „Harper’s Bazaar“ своевремено раскажала дека во Мексико се јадат штурци, мравкини јајца и црви, а дека и самата со задоволство ги консумира.
„Испржете ги. Сè што е испржено има добар вкус, но овие навистина се вкусни. Пајаците се неверојатни“, рекла таа.
Кога ќе почувствува потреба да ги промени навиките во исхраната, почесто посегнува по сокови. Објаснила дека под стрес често посегнува по храна, па ваквата пауза ѝ помага повторно да се насочи кон поздрави навики.
„За мене тоа е како медитација. Ме тера да застанам, да се сосредоточам и да размислам за она што го внесувам во телото. Тоа го доживувам како еден вид ресетирање“, рекла актерката.
Салма тврди дека не користи ботокс ниту филери и дека избегнува инвазивни козметички зафати.
Признала дека користи современи третмани, како радиофреквенција и микроструи, за кои вели дека ѝ помагаат да ја одржи цврстината на кожата и да ги ублажи брчките.
Меѓу омилените состојки во негата на кожата особено го издвојува тепезкохуите – екстракт од кора на дрво кој традиционално се користи во Мексико за третирање изгореници. Таа тврди дека одлично помага во обновувањето на кожата.
View this post on Instagram
Актерката повеќепати истакнала дека не е личност која станува рано за да одработи напорен тренинг.
„Немам време за вежбање, работам. Понекогаш имав работни денови кои траеја и по 20 часа“, изјавила своевремено за „People“.
Наместо класични тренинзи, големо внимание посветува на држењето на телото. Раскажала дека во Лондон работи со жена која ја научила како да ги активира мускулите за време на секојдневните активности.
„Дури и додека ги миете забите, мускулите можат да бидат активни“, објаснила таа.
Важен дел од нејзината рутина е и ресторативната јога, која повеќе се заснова на контрола на движењата, правилно држење на телото и релаксација, отколку на напорно вежбање.
Со нејзина помош, Салма Хајек научила како да ги активира мускулите без да создава напнатост.
„Опуштете ги мускулите и насочете го вниманието кон деловите од телото што сакате да ги активирате, но без напнатост. Кога сте свесни за своето тело, ќе се изненадите колку тоа може да помогне“, објаснила актерката.
Повремено користи и лента за трчање, но признава дека на неа повеќе сака да танцува отколку да трча.
Бидејќи релаксацијата е исто така многу важна, Салма Хајек посветува големо внимание и на масажите.
„Имам масерка, но таа живее во Јапонија“, раскажала актерката и додала:
„Во Лондон доаѓа само повремено, но кога ќе дојде, таа е моето тајно оружје. Масажата ја поттикнува циркулацијата, помага мускулите да добијат кислород и придонесува за нивното здравје. Таа многу значи и за лицето, особено поради лимфната дренажа“.
фото: printsceen/Instagram






