Џип во сопственост на пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ беше запален во ноќта меѓу неделата и понеделникот, на Бежаниска коса, пред нивниот семеен дом.
Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а огнот го зафатил и возилото кое било паркирано до него.
Во текот на ноќта пред куќата бил паркиран и полициско комбе, додека влезот во семејниот дом го обезбедувале припадници на полицијата. Ролетните на прозорците цело време биле спуштени.
Според информациите до кои дошле тамошните медиуми, двајца засега непознати мажи наводно донеле две канти со запалива течност, со која го полиле џипот. Безбедносните камери го снимиле инцидентот, а полицијата ги презела снимките од видеонадзорот на околните објекти.
View this post on Instagram
Како што тврди изворот, Александра по палењето на луксузниот теренец, во договор со сопругот Филип, одлучила да ангажира приватно обезбедување, пред сè поради страв за сопствената безбедност и безбедноста на семејството.
Обезбедувањето веќе се наоѓа пред нивниот семеен дом на Бежаниска коса и постојано му е на располагање на семејството на пејачката.
Од ПР-службата на пејачката не одговориле на пораката со барање за коментар во врска со овие информации.
Запалениот џип на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на пазарот може да се најде по цена од дури 72.900 евра.
Станува збор за скапиот модел „Wrangler Rubicon 2.0“, робусно теренско возило препознатливо по карактеристичниот дизајн и изразените теренски способности.
Овој модел спаѓа меѓу поскапите на пазарот. Според актуелните огласи во Србија, цената на примерок од 2024 година изнесува околу 72.900 евра, додека половните возила, зависно од годината на производство, километражата и опремата, може да се најдат и за 38.000 до 42.000 евра.
Александра неодамна го купила токму овој скап автомобил кој сега беше запален. Познатиот пар поседува и уште еден луксузен автомобил, марка БМВ, кој пејачката го купила по својот прв солистички концерт во белградската Арена, кога го доживеала еден од најголемите успеси во дотогашната кариера.
фото:Instagram printscreen/ aleksandraprijovic






