Мегафон топлотниот бран пристигна

Август започнува со пеколни температури

Август започнува со пеколни температури

Во сабота на територијата на Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје и околината исто така ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.

УХМР информира дека топлотен бран доаѓа во Македонија. Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 Целзиусови степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

 

To top