Аца Лукас вчера итно бил примен во Ургентниот центар поради поплаки и покачена температура, а сега ја напуштил болницата.
Според тамошните медиуми, Лукас по прегледот бил пуштен од болница, а имал температура над 40, но и покачена ЦРП.
На пејачот наводно му биле дијагностицирани проблеми со бубрезите и простатата.
Аца Лукас ги откажа сите настапи до понатамошно известување!
Оваа информација ја соопшти неговиот менаџер и продуцент.
View this post on Instagram
– Почитувани господа, во име на Александар Вуксановиќ и во име на Хајп продукција, ве известувам дека концертите на Аце Лукас во следните неколку дена ќе бидат откажани или одложени поради неговата здравствена состојба. Сите со нетрпение го очекуваме неговото брзо закрепнување и продолжувањето на турнејата. За да не се шпекулира, станува збор за висока температура предизвикана од силна настинка, бидејќи Аца имаше повеќе од 30 настапи во претходните 60 дена и му падна имунитетот – рече Мирковиќ и додаде дека сите од тимот очекуваат брзо закрепнување на Аца.
фото:Instagram printscreen/ aleksandar_vuksanovic_official