Фолк пејачка Анета Љумаковска екс Мицевска или најпозната како Анета „Молика“ беше гостинка во најновото издание на „Галама Шоу“ кај Жаре Бербер.
Кај Анета промените станаа секојдневие, а таа сега тоа и јавно го потврди откако одговори на прашањето кое Жаре и го постави.
Па така освен за физичкиот изглед кој редовно го освежува, таа пред сите гласно кажа дека успеала да се смени и комплетно.
View this post on Instagram
– Што е тоа што кај Анета се смени? – заинтересирано ја праша Жаре, а таа му одовори :
– Анета се смени, комплетно!
– Во кој правец, накаде отиде? – продолжи да ја прашува тој за да добие целосен одговор, во кој таа му објасни дека откако успеала да се смени комплетно навистина се чувствува преубаво.
– Најважно е да се чувствуваш убаво во сопствената кожа во тоа што го правиш во тоа што го мислиш тоа што го планираш, да има некоја цел да има … сите се стремиме кој некоја цел и сакаме да бидеме некој и нешто, тоа е тоа што го сменив, едноставно целиот мој живот го сменив и навистина се чувствувам преубаво – беше нејзиното размислуваше за сегашните промени во било кој поглед.
View this post on Instagram
За потсетување, Анета по дваесет и две години брак се разведе од музичарот Џими Мицевски иако важеа за складен и хармоничен пар, сепак донесоа тешка одлука и започнаа нова фаза од нивните животи со видливи промени.
Фото: printskrin/instagram/anetaljumakovska2701/galamashow