Песната „Ако утре ме нема“ од ДНК доби нова, длабоко емотивна димензија во изведбата на познатата македонска пејачка и универзитетски професор Андријана Јаневска. Таа настапи заедно со Битолскиот камерен оркестар и виртуозот Благојче Трајковски на кларинет.
„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… „Ако утре ме нема“ ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“ – напиша Јаневска на својата официјална страница на Фејсбук.
Настапот предизвика силни емоции кај публиката, а нејзината интерпретација беше дочекана со громогласен аплауз. Со оваа изведба, Андријана уште еднаш покажа дека уметноста зборува најсилно кога доаѓа од срце.
Инаку, Андријана Јаневска настапи со Камерниот оркестар – Битола на хуманитарниот концерт насловен: „Засекогаш во срцата Тоше Проески“ кој годинава беше дополнително посветен и на жртвите од Кочани 16.3.2025“ кој се одржа на 5-ти април (сабота) во Центарот за култура во Битола.
Андријана Јаневска беше дел и од проектот „Македонијо во срце те носиме“ каде меѓу останатите настапуваше и заедно со ДНК.
Веднаш по трагедијата во Кочани таа споделуваше во неколку наврати статуси со тага и изрази на сочувсто…
Но и имеѓу првите му изрази поддршка со желби за што побргу оздравување на својот колега, тешко повредениот Владимир Блажев, алиас Панчо – ДНК.
Фото: Фејсбук/Andrijana Janevska