Секој фестивал има свој црвен килим каде гостите сакаат да се покажат во своето најдобро и највпечатливо модно издание, особено дамите.
Годиниве наназад, домашните медиуми, па и регионалните пишуваа за ултра ефектниот моден изглед на нашата млада и позната македонска актерка Ана Стојановска, особено за нејзините секси изданија. Сараевскиот филмски фестивал, оној во Црна Гора каде беше дел од екипата на филмот на Мачневски, „Кајмак“, а секако незаобиколен е и нашиот „Браќа Манаки“.

А ако надор, па и дома Ана редовно остава силен импакт, веќе стана рутина тоа да биде така секаде и секогаш кога црвениот килим од филмските фестивали се во прашање.
Па така, сега на овогодинешното Берлинале, Ана Стојановска му пркосеше на студеното време, појавувајќи се во смел стајлинг на црвениот тепих во Берлин каде имаше и снег.

И покрај ниските температури и снегот, актерката се појави во впечатливо боди со висока јака и патент, споено со искинати хулахопки, комбинирани со црвено палто и високи чизми над колената.

Креации на македонскиот дизајнер Игор Марков.

Стојановска на својот Инстаграм сподели фотографии и видеа од светската премиера на македонскиот филм „17“ на престижниот Берлински филмски фестивал.

Режисерското деби на Косара Митиќ беше дел од официјалната програма „Перспективи“ и се бори за наградата за најдобар дебитантски филм.
View this post on Instagram
И во ова модно издание Ана ја покажа својата вита фигура, па изборот и овој пат беше непогрешлив за неа и тоа како таа знае да го износи – бунтовно и ултра секси.
фото:Instagram printscreen/anchi.stojanovska




