Веста дека Дарко Лазиќ ќе стане татко по трет пат воодушеви многумина.
Пејачот тоа го објави на својот Инстаграм профил со песната „Долази љубов“ на Марија Шерифовиќ.
Фолкер ја има ќерката Лорена од бракот со Ана Севиќ и синот Алексеј од врската со Марина Гагиќ.
А, сите очи сега беа вперени во поранешната сопруга на Дарко Лазиќ. На Ана Севиќ всушност и се допадна оваа објава, па јасно е што мисли за новото засилување во куќата на Лазиќ.
– Конечно ги имаме резултатите и дознавме дека чекаме бебе и дека се е во ред, па радосната вест може да ја споделиме со вас како што ветивме. Пресреќен сум што ќе станам татко – рече Дарко, додека Каќа со насмевка на лицето додаде:
– Мислам дека сѐ уште не сум свесна дека ќе станам мајка, веројатно затоа што сè уште немам стомак, но пресреќна сум што нашето семејство добива уште еден член, како круна на нашата љубов – изјавија за Блиц.
Катарина и Дарко неодамна открија дека не се сигурни дали е во благословената состојба.
– Уште не сме направиле тест за бременост, допрва треба да одиме да го направиме, па дури за некој ден кога ќе заминеме ќе знаеме дали Каќа е бремена или не. Кога ќе дознаеме ќе ве известиме – изјави Дарко. Дарко и Катарина го кажаа судбоносното „да“ на 8 декември, во општина Нови Сад во присуство на повеќе луѓе.
фото: printskrin/instagram/darkolazicofficial/Republika TV/YouTube