Славната актерка Шарлиз Терон се огласи по повод бурните расправии на интернет за нејзиниот изглед, и тоа на својствен начин – со доза хумор.
Педесетгодишната добитничка на Оскар објави фотографија на која насмеана ужива во оброк, а многумина ова го протолкуваа како нејзин одговор на неодамнешните критики и загриженоста поради нејзината слабост, пишува „Hello!“.
Актерката на Инстаграм сподели фотографии од храна од еден ресторан во Њујорк со опис:„Ми рековте дека треба да јадам… Ви благодарам за најдобриот оброк во Њујорк“.

Иако Шарлиз не се осврна директно на расправата за нејзината телесна тежина, моментот на објавата не им побегна на нејзините следбеници, пренесува „Index.hr“.
Да потсетиме, ѕвездата на филмот „Чудовиште“ пред само неколку дена предизвика лавина од коментари откако се појави на париската премиера на филмот „Одисеја“ на Кристофер Нолан. Снимките од црвениот тепих брзо се проширија на социјалните мрежи, а поединечни корисници шпекулираа дека користела лекови за слабеење како „Оземпик“, иако за таквите тврдења немаше никакви докази.
Ozempic got another baddie pic.twitter.com/XQD4dE4Ddk
— Tiffany Fong (@TiffanyFong) July 10, 2026
Додека некои критичари ја опишуваа како „костур“ и се прашуваа зошто една од најубавите холивудски актерки би чувствувала притисок да ослабе, многумина застанаа во нејзина одбрана.
„Чекајте малку, зарем сега ќе се преправаме дека не е апсолутно преубава?“, напиша еден обожавател, додека друг ги потсети критичарите дека „луѓето стареат“. Шарлиз не ги коментираше директно критиките на сметка на својот изглед, но нејзината суптилна објава на Инстаграм им стави до знаење на многумина дека гласините не ја допираат.
Обожавателите го протолкуваа нејзиниот потег како одговор за интернет критичарите. Актерката моментално го промовира филмот „Одисеја“, адаптација на Хомеровиот еп во режија на Кристофер Нолан. Во филмот таа ја толкува улогата на Калипсо, а во актерската екипа се и Мет Дејмон, Зендаја, Ен Хатавеј, Лупита Нјонго, Том Холанд и Роберт Патинсон. Филмот пристигнува во кината на 16 јули.
фото:Printscreen/ X/Instagram printscreen/charlizeafrica





