Суд во Калифорнија донесе пресуда според која пејачот Крис Браун ќе мора да ѝ исплати отштета од 13 милиони долари на својата поранешна куќна помошничка Марија Авила. Според нејзината изјава, таа во 2020 година била нападната и тешко повредена од неговото куче. По двонеделното судење во Лос Анџелес, судот пресуди во нејзина корист.
„Според првичните информации, таа била нападната од кавкаски овчар тежок околу 90 килограми додека празнела корпа за отпадоци“, пренесе Би-Би-Си.

Според одлуката на судот, пејачот и неговата компанија Блек пирамид ЛЛЦ (Black Pyramid LLC) треба да ѝ исплатат 12,9 милиони долари како надомест на штетата.
– Кучето Хадес ми откина големи делови од кожата. Тоа ми остави големи последици врз лицето. Се здобив со трајни лузни, делумно го изгубив видот и ми се оштетија нервите, посведочи Авила пред судот.
Браун ги отфрли ваквите обвиненија, тврдејќи дека кучето го обезбедувало местото.

– Кучето не е мој миленик. Тоа е тука да го обезбедува имотот, рекол тој пред судот.
По собраните докази, утврдено е дека пејачот не и пружил помош на Авила, туку веднаш го напуштил местото.
– Браун им нареди на своите вработени да се погрижат за Авила, наведувајќи дека се плаши оти ќе настане медиумски хаос доколку се замеша полицијата, потврдија неговите сведоци.
фото:Instagram printscreen/chrisbrownofficial






