Со оживување на суровата емоција, џез-магијата и препознатливиот ретро звук на неповторливата Amy Winehouse бендот „Кнап“ со голема почит кон музичкото творештво на Winehouse го одржаа двочасовниот музичко-концертен настап на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. Овој нивен музичко-концертен настап беше дел од циклусот на музичката манифестација „Од 0 до Култура“ која во летниот период еднаш неделно во четврток навечер се одржува во Прилеп.

Пред многубројната публика „Кнап“ покрај иведбата на музичкото творештво на Winehouse изведоа бевременски хитови на Тијана Дапчевиќ, Дупер, Зана, Бјело Дугме, Прљаво казалиште и многу други безвременски хитови од некогашните ЈУ простори.

Имено, публиката која е љубител на овие познати ЈУ хитови во еден глас со многу емоција и прекрасна интеракција заедно со членовите во еден глас од почетокот пак, се до крајот од музичката вечер ги изведуваа овие музички рефрени.
Инаку, сега веќе надалеку прочуената музичка група за поп, рок и поп-рок музика Кнап е формирана во месец декември 2025 година со прв премиерен настап во клубот „Калинка“ во Прилеп.

Кнап е во состав на: Ана Цветаноска (вокал), Димитар Колевски (бас-гитара), Леонид Насески (клавијатури), Стефан Самарџиоски (тапани) и Леонид Гешоски (гитара).
Прилепчани заедо со настапот на „Кнап“ уживаа во уште една јунска летна вечер исполнета со многу музика, убава забава и расположение, енергија и незаборевни рефрени на Amy Winehouse.
Текст и фото: Христијан Ангелески







