Мегафон тажна вест

Почина македонската поп-ѕвезда Владо Јаневски

Почина македонската поп-ѕвезда Владо Јаневски

Вечерва (28. Јуни) по кратко боледување, на една од скопските клиники почина македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски на 66 годишна возраст, пренесува Канал 5 телевизија.

Македонската јавност и целиот регион ќе ги памети неговите незаборавни хитови, кои со децении ја полнеа душата на неговите бзбројни фанови. Замина чаирскиот романтичар.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје— Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература.Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.

1993: Парче душа (Моби Арт)

1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани)

1996: Далеку е небото (Мистер Компани)

2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон)

2004: Ваков или таков (Авалон)

2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент)

Слава ти!

фото:Instagram printscreen/vladojanevskiofficial

To top