Мегафон

Тамара Грујеска го направи првиот голем чекор на домашната сцена со „До небо“ (видео)

Тамара Грујеска го направи првиот голем чекор на домашната сцена со „До небо“ (видео)

Младата надежна пејачка Тамара Грујеска се пласираше во финалната вечер на „Макфест“ со дебитантската изведба на песната „До небо“, чиј комплетен автор е Роберт Билбилов.

Таа влезе меѓу шесте изведувачи од првата вечер по изборот од публиката и жирито.

И покрај тоа што за првпат настапува на „Макфест“, гостиварката има зад себе значајно меѓународно искуство.

Во 2023 година ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија во Ница освојувајќи го 12. место, а во 2025 година го освои третото место на „Санремо јуниор“ во Италија.

Покрај поп-музиката, таа се занимава и со класично соло пеење, а за свој идол ја смета Витни Хјустон.

Настапот на „Макфест“ претставува нејзин прв позначаен чекор кон доближување до домашната македонска публика.

фото:You tube printscreen/tamaragrujeskaofficial
and studiostar.makeup

To top