Водителката Вера Мештеровиќ се уште не го отпочнала летниот одмор и уживањето на плажа, ама со мислите, впрочек како и многумина, таа е веќе таму.
Вера секое лето успева да го освои вниманието на јавноста со своите провокативни фотографии на „стори“ објавите од социјалните мрежи, каде што во својот препознатлив стил споделува моменти од своето летно секојдневие. Во бикини издание и без грам шминка, таа блеска во природна и свежа форма полна со самодоверба и автентичност.

Овој пат, преку една ретро фотографија која и буди убави спомени, сакаше да се присети на ланскот одмор, да сугерира за некоја летна дестинација, ама и да ги открие своите големи аспирации – да биде газдарица на хотел.
-На море би имала хотел, пишува Вера.

Желбата беше во центарот од објавата, ама во фокус и нејзината извајана задница- кадар кој години наназад милува да го фотографира.
Испружена како сирена, или пак седната вака или онака, Вера никогаш не знае да претера, туку умесно и заводливо да го истакне најдоброто од себе, а богами има доста тоа.

Летото е пред Вера, а и пред сите нас, но за атрактивната поранешна мисица и актуелна водителка и инфлуенсерка, се оди со ред.

Првин секогаш грижа за себе, физичка активност и фит- топ форма што секогаш ги имала, а потоа избор на бикини и правец на море!
Foto: Print Screen/Instagram/ veramesterovic





