Радио Милева им се оствори желбата

„Некој треба да ја продолжи лозата“ – Саша Ковачевиќ и Зорана го открија полот на бебето

„Некој треба да ја продолжи лозата“ – Саша Ковачевиќ и Зорана го открија полот на бебето

Пејачот Саша Ковачевиќ наскоро ќе стане татко, а сега тој и неговата сопруга Зорана го открија полот на нивното бебе. Тие со години работеа на тоа да имаат деца, а сега нивната голема желба конечно се оствари.

Саша Ковачевиќ и Зорана Тасовац наскоро ќе станат родители на момче.

– Пресреќни сме што имаме син – рекоа тие за „Здраво“.

„Некој треба да ја продолжи лозата“.

Саша и Зоранa првично ја криеја веста за нивната бременост, а пејачот неодамна проговори за тоа дали сака момче или девојче.

– Се обидовме да го скриеме тоа некое време додека сè не беше во ред, не знаеме од каде протече веста, но сега е апсурдно да се негира нешто што е вистина. Многу сме среќни и го чекаме денот кога малата Ковачевиќ или Ковачевиќка ќе дојде кај нас – рече Саша, а потоа го откри кој пол посакува да го има детето:

– Па, видете, некој треба да ја продолжи лозата Ковачевиќ, тоа ми е многу важно, но навистина би сакал да имам девојче бидејќи сум заљубен во мојата Искра и целиот тој процес на созревање и сè, живееме заедно од нејзината двегодишна возраст и тој период беше прекрасен за мене со женско дете. Би сакал да биде девојче, но ако е момче, ќе бидам среќн.

Foto: printscreen/galeofficial_

To top