Стефан Лазаров и годинава реши да ги продолжи своите нововоспоставени награди, насловени „Lazarov awаrds 2026“. Овој пат екипата баеги забогатена со мошне познати имиња, а Бога ми и „дебели“ награди…

Игор Џамбазов и Димитар Атанасовски во тимот кој виртуелно ја „загреваше“ атмосферата пред главниот настан закажан за 3-ти јуни, а два џипа, два мотори, ајфони и патувања на егзотична дестинација како главни награди. Обилно и богато, нема што! Чекаме да видиме какво ќе биде финалето!?

Но, додека јутјуберот „се загреваше“ за своите „Lazarov awаrds 2026“, Марија „се згрева“ за свадба.

Имено, сетра му на Стефан Лазаров, која има сопствен салон за разубавување, а меѓудругото е и актерка во некои од претставите на независниот театар „Отпишани“, како и актерка и водителка во кабарето „Еуфорија“ – се сврши! И тоа исто така за свој колега од „штиците што живот значат“!

Имено, иако за пошироката јавност го криеше својот љубовен статус и својата врска, кон крајот на минатата година јавно откри дека е „до уши вљубена“ во својот колега, стендап комичар и пред се’ актер во Кумановскиот театар, Марко Трајковиќ, кој лани ја доби наградата за најдобра машка улога за улогата на Калигула на Интернационалниот фестивал на античка драма, ИФАД „Стоби“ 2025.

Тогаш еден сочен роденденски бакнеж в уста, ја оддаде дека Марија е „зацапана“ во својот колега, а сега со ист таков уште посочен, му возврати на својот сакан, откако тој ја побарал нејзина рака!

„Заедно да си остариме и да си се згрбавиме!“ – споделила пресреќната Марија на својот Инстаграм, гордо покажувајќи го свршеничкиот прстен со драгоцено камче.

Со тоа годинава во семејството на Лазарови пристигаат две нови убавини. Приновата на Стефан и неговата сопруга Марта и зет во фамилијата.

А можеби и уште некое изненадување, за кое се крие, па допрва ќе го видиме.

Како и да е – со среќа нека е!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/_lazarovv/earthandfireme




