Латино ѕвездата Шакира се најде на удар на социјалните мрежи откако беше објавена снимка од нејзиниот настап во Мексико минатата година, на која таа го игнорира снимателот кој падна пред неа.
Снимка од нејзиниот септемвриски концерт во Веракруз повторно почна да се споделува на социјалните мрежи, првенствено на мрежата X, а пејачката е критикувана за нејзиното однесување.
Во видеото, таа може да се види како оди низ публиката за да стигне до сцената и да го започне својот настап, додека снимател одеше пред неа за да ја снима.
Со оглед на тоа дека одеше наназад, се сопна и падна, а додека другите во околината брзаа да помогнат, пејачката го погледна во шок, а потоа отиде до сцената.
El cámara que grababa a Shakira se cae y ella no hace el mínimo intento de ayudarlepic.twitter.com/8AyT34O0Qv
— LO + (@SuperViiral) April 15, 2026
На интернет имаше бран критики за нејзиното игнорирање на снимателот, кој тврдеше дека требало да застане и да провери дали е добро. Други сметаа дека нејзиното одложување на сцената ќе го наруши целиот настап и дека реакцијата била оправдана.
Само една објава собра повеќе од 2,5 милиони прегледи и мноштво коментари.
Пејачката настапи во Веракруз како дел од нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Минатиот месец таа настапи и во Мексико, во главниот град, каде што собори рекорд откако 400.000 луѓе присуствуваа на нејзиниот бесплатен концерт, објави Klix.ba.
Foto: printscreen/X





