Радио Милева ретро фотографија

„За жал јас сум…“ – Ова слатко девојче, денес е позната македонска пејачка, погодувате ли која?

„За жал јас сум…“ –  Ова слатко девојче, денес е позната македонска пејачка, погодувате ли која?

Доста често на социјалните мрежи се појавуваат ретро фотографии од познатите лица кои нѐ потсетуваат и ни покажуваат како изгледале во минатото и колку од нив се слични или различни од денес. Копањето по спомените од едно минато време на секого може да му разбуди спомени од детството, на безгрижните денови, полни со игри и невиност.

Сега на кратката приказна на познатата македонска личност се појави едно девојче со темна коса, насмевка и широко отворени очиња кои зрачат со искреност и љубопитност.

Девојчето од описот погоре, сега е успешна млада македонска пејачка. Денес таа е позната по промените на изгледот и постојано експериментира и се пронаоѓа во стилот, бојата на косата и имиџот, барајќи го совршениот начин да се изрази.

Секако, веќе погодувате  за кого станува збор….На фотографијата е Теа Трајковска.

Под фотографијата, таа напиша порака што веднаш ја освои публиката: „На слатко девојче како мене никогаш не му било судено да биде лудо, но за жал јас сум“. Со овие зборови, Теа не само што се потсети на своето детство, туку и ја сподели таа страна од себе како спротивна од денешната нејзина слика.

Теа се потсети на детството и објави уште една фотографија од истото време на својот профил на која позира со две блиски другарки кои ги тагна на фотографијата. Едната е блогерката Моника Ангелковска позната како Моника Потер, која секојдневно на своите профили споделува препораки за исхрана и искувства од патувањата, а другата до Теа е Ирина Атанаскоска позната на мрежите и во јавноста како тату артист.

Теа со оваа објава им обозможи на нејзините обожаватели да ја запознаат подобро и ги потсети дека под секој нејзин модерен имиџ се крие мало слатко „девојче“ што сонува за големи работи.

Foto: printscreen/Instagram/theatrajkovska

To top