Откако минатиот викенд, поточно на 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, Бојана Скендеровски го одржа својот бесплатен солистички концерт кој донесе вечер исполнета со музика, емоции и блиска средба со публиката, пејачката не чекаше ни миг за да смени и локација и дестинација и држава… Се разбира само за кратко, чисто од туристичко-рекреативни причини.
View this post on Instagram
Имено откако ја остави „душата на сцената“, Бојана се врат во Скопје, набрзина се спакува и заедно со целото семејство замина надвор од Македонија. Пејачката во Штип емотивно се испразни, па австриската престолнина Виена беше изборот да замине на неколку дена на „полнење батерии“.

А Виена како град на уметноста и културата сега и оддблизу ја воодушеви пејачката. Сместена во апартман во самиот центар на градот, Бојана воздивнуваше по прекрасните градби, единствената архитектура, извајаните уметнички зданиа, широките пространи плоштади каде секое ќоше е музеј.

Престолнината на моќта на Австроунгарската империја која нуди илјадници можности за култура и еден поинаков туризам кој не се сведува на јадење пиење и кафеана, туку многу повеќе ви ја храни душата со духовна храна. Иако, Бечката шницла и Захер торта никако не смеат да се заобиколат, сепак во себе чувствувате една сосема поинаква хармонија помеѓу телото и духот, на пример кога ќе поминете покрај Виенската филхармонија.


Или што би рекла и самата Бојана, Виена е совршена за неа… А и за секој друг што барем малку поинаку и поразлично ги поима културата и уметноста, од кафеанска певаљка или турбо фолк концерт на едикојси „сељобер“ од некое од соседствата.
View this post on Instagram
„Виена… ми недостигаше“ – и самата споделила пејачката покрај фотографиите од преубавата австриска престолнина во која таа со семејството уживаше!
А Бојана… Ич не знае што и недостига!
Фото: Инстаграм/bojanaskenderovski






