Радио Милева чиста 5-ка

Сања Барби доживеа преобразба: Пејачката се промени до непрепознатливост

Сања Барби доживеа преобразба: Пејачката се промени до непрепознатливост

Сите ќе се согласиме дека комплетниот стајлинг знае да направи моќна визуелна трансформација, но секако не секогаш истата е погодена и во совршена синхронизација.

Она првото, успеа да го постигне фолк пејачката Сара Барби Цинцева која и тоа како е свесна дека освен песната и добриот глас, продава и изгледот.

Во нејзиниот случај кога се работи ја јавно претставување, простор за случајности очигледно нема и избор на она што се нашло при рака во плакарот.

Цинцева се труди и сака секогаш да биде тип-топ спакувана, модерна, одмерена и префинето стилизирана, што и не беше пример годиниве наназад.

Веројатно сега ги нашла вистинските стилисти до себе, „го одврзала ќесето“ повеќе од потребното за да изгледа за чиста 5-ка.

Изборот на стајлинг најчесто е минималистички, како од последните фотографии каде речиси едвај ја познавме од црно- белата копмбинација која е полн погодок и совршено и прилега.

А кога ќе се погодат и шминката и фризурата, совршениот баленс и полн моден ефект едноставно не може да не се забележи.

фото:Facebook/ Instagram, printcreen/sanjacincevaa

To top