Радио Милева штркот одново долета...

Министерот Панче Тошковски по трет пат стана татко: По две ќерки – машко!

Министерот Панче Тошковски по трет пат стана татко: По две ќерки –  машко!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, стана татко по трет пат.

Неговата сопруга се породи вчера, а во семејството пристигна новиот член, овој пат  – син!

Ова е прво машко дете за министерот, кој веќе е горд татко на две ќерки.

Со доаѓањето на синот, семејството доби нова радост, а министерот влезе во ново поглавје од својот приватен живот.

-Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. После две прекрасни ќерки, нашето семејство го збогативме и со син. Голема радост и благодарност за овој благослов, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Панче Тошковски.

Веста за приновата ја потврдија и од кабинетот на министерот, а истата брзо се прошири меѓу пријателите, колегите и јавноста, од каде пристигнуваат бројни честитки до семејството.

Со раѓањето на третото дете, семејството на Тошковски станува побогато за уште еден член, а министерот покрај јавните обврски продолжува да ја гради и својата најважна улога – онаа на родител.

Фото: Facebook / Панче Тошковски

To top