Јована Стојменовиќ и Александар Блажевски долго време се добро позната водителска двојка на утринската програма на ТВ Сител, „Ја сакам Македонија“. некогаш во пакет, понекогаш сам по сам, тие седни од заштитните лица и гаранција за голема гледаност на денот, кога се тие во ТВ етерот. Пред камерите врвни пшрофесионалци и политувани колеги, приватно блиски пријатели.

Затоа еден на друг не ги забораваат ниту приватните моменти, како оној кога на Јована и беше роденден. Иако оддамна сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, Јована сепак не ги крие своите. Ама затоа Блажевски го скри изненадувањето, со кое реши да и го честита „денот што го чекаме цела година“ и тоа на многу интересен, допадлив и необичен начин – јавно во живо пред камерите во ТВ етерот. Иако навидум задоцнето, зашто колегата тоа го стори неколку дена подоцна, откако тие двајца беа водители на утринската програма, Јована во студиото, а Блажевски надвор од него.

Ама пак зошто да не? Ако можеше Александар – „Сарма“ своевремено да ја побара колешката Цаци за жена пред камери среде ТВ дневникот, што не би можел Блажевски да и честита роденден на Јована?

Така, откако таа го најави прилогот кој требаше да следува, наместо очекуваниот помлад колега Никола, во кадарот се појави Александар Блажевски, со роденденски балони колач и свеќичка во рацете и познатата „Happy birthday“ на усните.

Позитивен шок со кој ја изненади колешката Јована, зашто Александар Блажевски отсекогаш знаел дека „никогаш не е доцна“… за убави нешта!

Како изгледаше роденденското „after birthdey“ изненадување и како ја доживуваат колегите, погледнете во продолжение:
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/jovana_na_na_na





