Во 2014 година во режија на Ѓорѓи Ризески играше во театарскиот проект „Свадба“, а изминатиот викенд, свадба меѓутоа во нејзина и режија на саканиот и се случи на младата актерка Ангела Димитвова и контрабасистот Дејан Митровиќ.
Од нејзиниот матичен театар за деца и младинци – Скопје на официјалната Фејсбук страница упатија честитка до колешката невеста:

-На нашата сцена често сме сведоци на бајки, но овојпат една се случи и во реалноста. Нашата колешка Ангела Димитрова, актерка во Театарот за деца и младинци – Скопје, го кажа своето најважно „ДА“. Ѝ посакуваме љубов што ќе расте со секоја нова сцена во животот, насмевки што ќе траат подолго од аплаузот и заедничка приказна исполнета со светлина, радост и многу среќни чинови. Со љубов од нејзиниот театарски дом- стои во јавната честитка.
Свадбената забава се случи во еден скопски ресторан каде младите ги собраа најдрагите и најблиските роднини и пријатели.

Инаку, Ангела досега сме ја гледаме од доста театарски, ТВ серии, но и филмски проекти како: „До Балчак”,
“За Ангела” , “На Терапија”, “5 + Фамилија” , “Фамилијата Марковски” и други.

Честитки за младите!
фото:You tube printscreen/Gjorgji Rizeski/ Facebook/ Teatar za deca i mladinci – Skopje/ instagram printscreen/ angella_dimitrova and dejanmitrovik






