Познатата кумановка, пејачката Ивона Јовановска или попозната како Ивона Јо, старотот на 2026 го почна доста посреќно, како поискусна, но и како свршена девојка со прстен на рака.
Помина еден месец откако незјниниот партнер, фотографот Кико Тодоров ја побара раката на Ивона на романтично запросување.

Сега, младите решија дека љубовта нема време за чекање, па свршувачката ја официјализираа ставајќи параф во матично.
View this post on Instagram
Таа во бел фустан и нежен бидермаер од кали со рацете, а Кристијан држејќи го изводот на матичната книга на венчани, двојката објави дека е во брачните води.

-Те сакам бескрајно, напиша невестата во прилог на галеријата фотографии кои осамнаа на Инстаграм профилите на вљубените тазе сопружници.

Како тргнала работава, по се изгледа дека набрзо ќе има и свадба.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/ivonajo and todorov18





