Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков викендов (31. јануари) „спапна на лудиот камен“.
Манасков и неговата избраничка Билјана Стојановска си ветија вечна љубов пред Бога и ги ставија бурмите.

По црковната церемонија следеше и свадбена веселба во еден скопски ресторан каде младите ги собраа најблиските.

Младоженецот е познат по тоа дека не милува да ја разоткрива прватноста преку социјалните мрежи, па затоа тоа го направи неговата пријателка на која наедно и е кум, пејачката Тамара Тодевска која на својот Инстаграм откри детали од големиот ден на Манасков.

Секако кога си и кум на Тамара Тодевска, тогаш јасно е дека главна музичка ѕвезда зад микрофонот ќе биде токму таа, односно неизбежно е како гостинка да запее.

Невестата исто како и младоженецот, не е од оние што преферираат поголема активност по Фејсбук или Инстаграм, но кај неа сепак може да се сретне некоја нивна заедничка фотографија од патувањата и поддршката на трибините.

Инаку, избраничката на Манасков е вработена во маркетинг секторот на Канал 5 телевизија, а заедно беа извесен период.

Честитки!
фото:instagram printscreen/ tamaratodevska/ facebook/ Biljana Stojanovska




