Мегафон На 17 Јануари 2026,

Концерт на Четкар на поткровјето во Public Room

Концерт на Четкар на поткровјето во Public Room
Придружете ни се на првиот концерт на Четкар во 2026, на поткровјето во Public Room, Скопје на 17 Јануари!
Вратите се отвараат во 21:00 часот, а концертот ќе започне во 22:00 часот.
“Во една концертна вечер со интернационалната соул-фанк сензација Владимир Четкар, софистицираноста се среќава со заведувањето!
На распродадените настапи ширум светот, Четкар го носи својот препознатлив спој на фанк, соул и џез, за забава што е подеднакво елегантна и електризитачка.
Опишан од TIME OUT NYC како “македонски соул артист кој меша диско и фјужн во луксузни поп-креации”, Четкар го редефинира модерниот грув. Вистински ренесансен уметник – композитор, гитарист, вокалист, аранжер и продуцент – тој создава раскошни, feel-good звучни пејзажи што блескаат со романтика, ритам и прецизност.
Роден во Охрид и едуциран на престижниот Berklee College of Music, Четкар ја канализира златната ера на Chic и Earth, Wind & Fire низ современа призма, создавајќи музика што е истовремено безвременска и свежа. Неговите високо оценети албуми We Will Never End, Heavenly, Going Home и Let Us Be го однесоа на сцени ширум светот – од Blue Note Jazz Festival до Java Jazz, Sziget и Jarasum Jazz Festival, и му донесоа репутација на еден од највозбудливите гласови во денешниот џез-соул-фанк.
Кога Владимир Четкар ќе стапне на сцената, ноќта оживува!”
To top