Нема сомнеж дека новогодишната елка и празничната декорација будат убави чувства и позитувна енергија.
Многумина сакаат да украсат со новогодишната декорација порано, уште од месец ноември, а исто така и сакаат да ја тргнат што подоцна, по завршувањето на Стара Нова. Па така, социјалните мрежи наголемо се полнат со видеа и фотографии од новогодишни елки од украсените домови, особено сега на прагот од стартот на 2026-та.
Некои со повисока, некои со помала елка, бела или зелена, природна или вештачка, сеедно… важно е дека ја носат радоста и кај помладите и кај повозрасните.

Целокупната предновогодишна атмосфера и амбиент потсетуваат на една голема волшебна бајка, така е кај сите, или барем треба да биде, па и кај познатите и популарни личности и естрадните ѕвезди.
Токму таква елка во домот украсија тато Мартин Филиповски од „Некст тајм“ и мама Андреа кои тргнаа од помислата дека елката оваа година треба да ја воодушеви Лиана.

За нив ова е втора година како ја дочекуваат Нова година во проширен состав, но сега мораше да биде магично за Лиана која во месец октомври наполни една годинка.
Мечиња, панделки,сијалички и еден посебен детаљ со хипнотичен ефект…

Возот поставен централно околу новогодишното дрво направи дополнително магична атмосфеа движејќи се околу елката. Интересен за секого, а сигурно најубав и највозбудлив за малата принцеза.

Празничната магија веќе силно свети кај Филиповски.
Нека трепка за убаво!
фото:Instagram printscreen/bl.andrea/Freepik






