Радио Милева прикажаното го демантира кажаното?

Гавазова со скриена фото- порака ја демантираше Љупка Митрова: Фолкерката и покажа на трендсетерката дека е во модна заблуда

Гавазова со скриена фото- порака ја демантираше Љупка Митрова: Фолкерката и покажа на трендсетерката дека е во модна заблуда

На Сузана Гавазова периодов не и оди баш со тоа како се претставува или како тоа другите ја доживуваат надвор од сцената.

Се’ ова некако тргна на лошо откако беше гостинка во видео појавувањето со Боки 13 и Ритко каде поради своите постапки и коментари наиде на осуда, па ако дотогаш уживаше во ласкавите комплименти од јавноста, овој пат наиде и на поинаква критика – негативна.

Сузе, Боки и Ритко,  веројано сака да ги стави во заборав, но она кое деновиве и се случи како јавна прозивка од страна на трендсетерката и сограѓанка Љупка Митрова, остана како премолчено и без реакција од нејзина страна, но само вербално.

Иемно, тендсетерката и сопственичка на модна линја во поткастот кај Сергеј Варошлија беше предизвикана да избере која позната македонска дама никогаш не би носела креација со нејзиниот потпис, па иако не сакаше да бира меѓу Лила Филиповска, Вера Мештеровиќ или Сузана Гавазова, изборот падна токму на Сузана.

@urok.podcast Љупка Митрова: На Сузана Гавазова не би и дозволила да облече Mitroff! #sergejvaroslija #urok #ljupkamitrova #suzanagavazova #mitroff @Sergej Varoshlija ♬ original sound – Urok Podcast

Реакција на ваквата селекција, барем не вербална, од пејачката немаше, но една скриена фото- порака  која можеби беше наменета како визуелен одговор или пример на дело упатено кон Љупка, беше токму несекојдневниот елегантен изглед на Сузана или не барем така чест нејзин избор.

Пејачката позираше во елегантна свиелана тоалета од стајлингот кој и не е баш својствен од нејзиниот модниот израз, а делумно потсетува на оној што го сугерира и продава Митрова.

Дека може и тоа како да се носи со било што, независно дали на сцена или приватно, Сузана досега покажала и докажала многупати, односно дека воопшто нема проблем да експериментира и да модно да се истражува, експериментира.

Од провокативни, па се до оние одмерените дамски стајлинзи што беше случај и овој пат, а дали навистина беше допрена од ваквиот коментар на Љупка и дали ова и беше одговорот, најдобро знае самата.

фото:Instagram printscreen/suzanagavazova/ljupka_mitrova

 

To top