Лице в лице

Александар Вучковски во „Ништо лично“: „Македонија е вински џин, ние не пиеме малку, туку многу произведуваме“ (ВИДЕО)

Александар Вучковски во „Ништо лично“: „Македонија е вински џин, ние не пиеме малку, туку многу произведуваме“ (ВИДЕО)

Тој занаетот во угостителството го печел  пред повеќе од 20 години работејќи на големите прекуокенски крузери, преку седум мориња и океани, каде и подетално ќе се запознае со сомелиерството, виното и винската култура во светот. По враќањето во Македонија и самиот ќе навлезе длабоко во тајните на „пијалокот на боговите“, за да стане експерт за познавање на виното или стручно кажано – сомелиер.

Денес е и претседател на  Здружението на сомелиери на Македонија. Вински експерт за кого нема тајни, а истите ќе ги разоткрива и своевремено во својот серијал телевизиски емисии за виното и винската култура, „Вински мозаик“ која ќе се емитува на националниот сервис МТВ.

Претставник или поточно застапник на една од најпознатите и најпосакувани италијански етикети на пенливи вина во Република Македонија, но и основоположник и основач на единствениот скопски вински салон, преточен во своевидна манифестација која важи за годишен празник на виното, насловена „Винодонија“, која годинава ќе се одржи по деветти пат на 20 и 21-ви декември  во скопскиот хотел Мериот.

За неговиот личен пат кон винските височини, за професијата сомелиер и како тоа се станува, за виното и како тоа се гради, развива и негува винската култура во Македонија, за винскиот бон-тон, начинот на конзумација на различни сорти и типови вина и нивното спарување, односно фузија со различна храна, за добрите и лошите вина и од што зависи нивниот квалитет…

За винските вистини и митови, за односот цена – перформанси на секое вино, за винската индустрија кај нас во однос на Европа и светот и каде е Македонија на винската мапа…

Но и за годинешното издание на скопскиот вински салон „Винодонија“ и неговите содржини и програми, учесници, работилници и едукативниот дел…

И за уште многу помалку или повеќе познати нешта, но и сосема непознати тајни за виното и вистината за него како пијалок на боговите уште од древните антички времиња во најновот издание на интер ток шоуто „Ништо лично“, лице в лице со домаќинот на поткастот – новинарот и водител Антонио Димитриевски овој пат ќе биде врвниот познавач на виното, вински експерт и претседател на Здружението на сомелиери на Македонија, Александар Вучковски.

ПРЕМИЕРАТА оди секоја среда од 20.00 часот,  ексклузивно само на  YouTube каналот на КурирМК (. Но, ако било кои причини сте ја пропуштиле и неа, како и сите останати изданија на интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“ можете да ги погледнете на истиот линк во било кое време, 24/7  и тоа 365 дена во годината.

To top