Радио Милева необично искуство

На Џеј Ло ѝ беше забранет влез во луксузен бутик, а еве како реагираше

На Џеј Ло ѝ беше забранет влез во луксузен бутик, а еве како реагираше

Глобалната музичка икона Џенифер Лопез имаше необично искуство во Истанбул кога обезбедувањето ѝ забрани влез во луксузна  продавницата.

Џеј Ло се обиде да ја посети продавница на „Шанел“ во Истанбул, но обезбедувањето не ја пушти да влезе бидејќи продавницата беше полна, објавува „Турки тудеј“.

Вработените во продавницата подоцна ја поканиле повторно, но таа одлучила да посети други продавници за луксузна мода, па застанала во бутиците „Селин“ и „Бејмен“.

Нејзината посета на најголемиот град во Турција се совпадна со настапот на 5 август во фестивалскиот парк „Јеникапи“, како дел од фестивалот во Истанбул.

Турнејата „Up All Night: Live in 2025“ завршува, а последниот концерт ќе се одржи на 12 август во Сардинија, Италија.

Foto: printscreen/instgaram/X
To top