Радио Милева Импресивен изглед

Луксуз и елеганција на бранови: Лила Филиповска на јахта во моден фустан 

Луксуз и елеганција на бранови: Лила Филиповска на јахта во моден фустан 

Позната ТВ водителка и влијателна инфлуенсерка Лила Филиповска  го обожава морскиот начин на живот и овој пат  на социјалните мрежи покажа луксуз на јахта што плови по широкото мирно море.

Водителката како што  откри во описот на најновата објава присувствувала на незаборавен настан на кој била поканета, на еден  бренд за кој се надева дека ќе го освои светот, а пред следбениците сподели и како изгледала на специјалниот повод.

Лила објави серија од фотографии на кои блеска во уникатен мини бел фустан  опкружена со сјај и раскош и повторно докажа дека годините и се враќаат и дека нема конкуренција.

Вниманието на сите го привлече впечатливиот големиот бел цвет на средината на тесниот фустан кој дополнително ја истакнуваше нејзината елеганција и стил, а Лила е професионалец и знае како да го носи сето тоа и совршено да изгледа.

Позираќи со самодоверба и насмевка таа уживала во секоја минута од ова искувство, комбинирајќи луксуз со убавина, и создавајќи незаборавни спомени.

Foto: printscreen/instgaram/lilafilipovska

To top