Популарното музичко ТВ шоу кај нас, „ИмаТ немат“, ова лето слави пет години постоење, и тоа со гала концерт што ветува незаборавна вечер за сите генерации!
Овој четврток, 17 јули, пред платото на хотел Палас – на самото охридско шеталиште, со почеток во 21 часот ќе се случи голем јубилеен настан, кој ќе ги собере најдобрите гласови, најубавите емоции и највеселата публика!
Темата на вечерта е: Староградска вечер – со познати и незаборавни песни кои не враќаат во најубавите времиња. Подгответе се за музички времеплов исполнет со душа и традиција.
Ќе настапат над 20 врвни изведувачи:
- Елена Велевска
- Елена Андоновска
- Благојче Стојановски – Туше
- Група Чардак
- Василија Петрова
- Сања Здерал
- Дани Даниела
- Гоце Петрески
- Група Оскар
- Ташко Каранфиловски
- Марјан Коцев
- Татјана Стефановска
- Гости од Германија, Австралија и други држави

И многу, многу други изненадувања!
За хуморот и добрата енергија ќе се погрижи Жанко З’Ш, кој ветува смеа до солзи и незаборавни моменти!
Местото е магично – охридското пристаниште, каде вечерната атмосфера и музиката создаваат совршен спој.
Влезот е бесплатен! Понесете добро расположение, повикајте ги семејството и пријателите и бидете дел од оваа голема музичка приказна!
Организатор и покровител е Општина Охрид, а манифестацијата е продуцирана од IN Продукција.







