Пејачката Јелена Карлеуша објави дека наскоро ќе се сретне со претставници на компанијата META, која е и сопственик на социјалната мрежа „Instagram“, со цел да се обиде да го врати својот деактивиран профил. Како што музичката ѕвезда истакна на социјалната мрежа „X“, порано „Twitter“, таа ќе отпатува во Америка со својот правен тим, со цел официјално да разговара со претставниците на компанијата за проблемот што ја снајде пред три месеци.

– Денес се навршуваат точно три месеци откако мојот Инстаграм беше затворен. За неколку дена ќе се сретнам со претставници на Инстаграм како дел од META во Америка, заедно со моите правни застапници. Доколку не ми се врати сметката, ќе морам да отворам нова и да почнам од нула. Наскоро ќе бидете известени – напиша Карлеуша во објавата.
фото: printscreen/instgaram/karleusa.world




