На 13-ти април со почеток од 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи вториот дел од концертот „Најголемите хитови на Ем-Ти-Ви“. Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, кој минатата година одржа два концерта со најголемите хитови од 1980-те и 1990-те.
„Со 100 учесници на сцена, 10 извонредни пејачи, оркестар во полн состав, хорот ‘Мирче Ацев‘ и балетски играчи при Националната опера и балет, присутните ќе имаат можност да ги слушнат во живо вечните хитови на легендарни рок бендови како „Ганс ен роузис“, „Квин“, „Скорпионс“ и „Јуроп“, како и најголемите хитови на Витни Хјустон, Тони Брекстон, Тина Тарнер, Кулио и други“, велат од Камерниот оркестар.
Билетите се во продажба преку мрежата на „Мк тикетс“.