Фолк пејачката Анета Љумаковска тргна во перманентно изненадување за сите оние кои ја следат на социјалните мрежи, ги слушаат нејзините песни и го сакаат нејзиното пеење.
Анета како што е добро познато, на ваквите промени тргна откако се разведе, смени музичка група со која настапува, па на тоа се надоврзаа и нејзините промени на имиџот.
На Анета како естрадно име совршено и одговара да прави промени, бидејќи тоа секогаш е потребно за јавноста која наедно ја обожава распеаната битолчанка каква и да се преобразила.
Очигледно е дека Анета сака да биде тренди и ги следи тековните тренденции, па не сака да отстапува од истите. Овој пат, освен тоа што база за промени и е косата, ја освежи во модерна нијанса и ја потскрати во нова форма, забележливо е и дека усните и изгледаат поволуменозно од порано.
Дали стравила хијалурон како и многуте колешки, или само сакала преку некоја техника на шминкање да ги направи да изгледаат пополни и поистакнати, најдобро знае самата, а и најважно нели, таа да си се допаѓа.
Инаку преку видеото каде се покажа во вакво издание им закажа осмомартовска средба на своите обожаватели меѓу нашинците во Австрија.
фото:instagram printscrin/anetaljumakovska2701