Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис, како што сите го знаеме, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон. Со тек на времето етаблираниот картон мајстот „мудрите мисли“ да ги испише на картон и јавно да ги покаже, истакне или сподели на социјалните мрежи полека „ги потроши“ или пак оригиналната идеја му здосади, па се почесто на неговиот Инстаграм почнаа да преовладуваа куси довитливи видеоклипчиња. без картон, ама повторно со поента.
И тоа со шеги, најчесто на сопствена сметка! Шеги кои неретко се и нечии животни вистини!
Овој пат Бомбакис има и нов партнер за соработка… Детето од рекламите! Малиот мал, мал, ама техничарче. Кое на Бомбакис постојано му поставува незгодно прашање. Или вистинско, ама во незгодно време или на незгодно место.
Така беше и овој пат кога популарниот Бомба повторно „имаше да каже нешто“, ама само како одговор на прашањата на малиот. Кој прв забележа дека Бомбакис има два нови проблема: Кога неговата жена пее по дома, а туѓа вози во кола!
Така, штом малиот го забележа Бомба додека паркира, веднаш во очи му падна големата женска обетка закачена на неговото уво. Природно, прашањето што следува е: „Еј Бомба, од кога ти носиш менѓуша?“ А одговорот го има Бомба…
View this post on Instagram
Другиот ден, малиот шета низ маалото, па слуша нешто како оперска арија која доаѓа од повисоките катови на зградата. Крева поглед и што да види, Бомбакис по ладното “кисне“ на тераса. Прашањето на детето од рекламите многу логично: „Бомба, зошто секогаш кога жена ти пее, ти си на тераса?“ А одговорот го има повторно Бомба…
View this post on Instagram
После првата ситуација Бомбакис по казна мораше да носи менѓуша, ама после ова… Кој знае дали и следниот пат ќе го има на тераса? Или приземјен под истата?
Фото и видео: Инстаграм/bombakis